Прескокни кон содржината
Назад

Академска посета на University College of London (UCL), Обединетото кралство

Академска посета на University College of London (UCL), Обединетото кралство
На 10ти ноември 2025 година тим на професори од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, составен од проф. Александар Стојков, проф.Александра Максимовска Стојкова, проф. Јован Зафироски и проф. Елена Нешовска Ќосева, оствари студиска посета на University College of London (UCL), Велика Британија на која пред тамошните колеги и млади истражувачи ги презентираа резултатите од досегашната работа на научно-истражувачкиот проект “Иновативни научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија во Република Северна Македонија преку даночната регулатива”.
Целта на оваа проектна активност беше размена на искуства за меѓународни добри практики за формализирање на неформалниот сектор и намалување на социјалната нееднаквост, дискусија околу најсоодветниот модел кој би можел да се примени во македонски околности, како и зајакнување на соработката помеѓу двете научни институции.
Научно-истражувачкиот проект “Иновативни – научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија во Република Северна Македонија преку даночната регулатива” е финансиран од Министерството за образование и наука.

SHARE
Прочитај понатаму
Следен