Иновативно-научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија
Преку даночната регулатива во Република Северна Македонија — мултидисциплинарен пристап со партнери од академијата и институциите.
Истражување кое креира политики
Проектот произлегува од потребата за нов, иновативен и поефективен пристап во справувањето со сивата економија и социјалната нееднаквост во македонската економија. Како научно истражувачки тим кој досега работел на економски и даночноправни предлози и решенија за креирање на политики и измени во законодавството, сметаме дека токму тоа е начинот да се постигнат потребните промени. Истражувањето е насочено кон идентификување и анализа на фискалните политики и даночни норми кои придонесоа до сегашните проблеми и предизвици, а потоа кон формулирање на нови предлог решенија за намалување на обемот на неформалната економија и ублажување на социјалните разлики.
Проектот комбинира научно правни, апликативни и истражувачки методи, економски квантитативни и квалитативни методи со цел да се понудат правни издржани решенија и препораки за правична, ефикасна и транспарентна даночна политика, која ќе води кон сузбивање на социјалната нееднаквост и сива економија.
Се работи за иновативен и релевантен научно апликативен истражувачки проект чија главна цел е преку научна анализа и практични препораки да придонесе за создавање на конкретни решенија за поинклузивен, праведен и ефикасен даночен систем и ќе овозможи основа за понатамошна научна и практична соработка на домашните научници и експерти и со меѓународната академска заедница.
Активности
Завршен
Меѓународна научна конференција, 11-13ти септември 2026, Охрид
Во периодот 11–13 септември 2026 година, во Охрид, се одржа Меѓународната научна конференција, во рамки на проектот „Иновативно-научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата…
Завршен
Научен престој на Правниот факултет во Белград
Тим од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје – проф. д-р Александра Максимовска Стојкова, проф. д-р Александар Стојков, проф. д-р Јован Зафироски…
Завршен
Учество на Годишниот конгрес на Европската асоцијација на професори по даночно право (EATPL)
Со особено задоволство споделуваме дека проф. д-р Александра Максимовска Стојкова и проф. д-р Елена Нешовска Ќосева учествуваа на Годишниот конгрес на Европската…
Публикации
Rethinking Fiscal Decentralization in Relation to Regional Informality: Evidence from a European Transition Country
Објавен во Economies 2026, 14(7), 264), во издаваштво на Multidisciplinary Digital Publishing Institute (MDPI), Базел, Швајцарија. Списанието е индексирано во Web of Science и…