Прескокни кон содржината
Назад

Учество на Годишниот конгрес на Европската асоцијација на професори по даночно право (EATPL)

Учество на Годишниот конгрес на Европската асоцијација на професори по даночно право (EATPL)
Со особено задоволство споделуваме дека проф. д-р Александра Максимовска Стојкова и проф. д-р Елена Нешовска Ќосева учествуваа на Годишниот конгрес на Европската асоцијација на професори по даночно право (EATPL), кој од 4 до 6 јуни 2026 година се одржа во Атина, Грција, на тема „Interpretation of Tax Legislation“.
Покрај учеството на една од најзначајните европски научни платформи во областа на даночното право, тие го одржаа и првиот координативен состанок со академски партнери од Југоисточна Европа во пресрет на меѓународната конференција што во септември ќе се одржи во Охрид.
Ова е уште една потврда за активната меѓународна вклученост на нашите наставници и за успешната реализација на научноистражувачкиот проект „Иновативно-научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија во Република Северна Македонија преку даночната регулатива“, финансиран од Министерството за образование и наука.
SHARE
Прочитај понатаму
Претходен
Следен