Прв работен дијалог
Во периодот од 28.11-30.11.2025 година во Берово се одржа првиот работен дијалог во рамки на Научноистражувачкиот проект ,,Иновативни научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија во Република Северна Македонија” финансиран од Министерството за образование и наука.
Целта на оваа активност беше креирање на прв сет предлози во насока на подобрување на системот на данок на личен доход со цел ублажување на социјалната нееднаквост, како и унапредување на данокот на добивка за поттикнување премин кон формалната економија.






