Прескокни кон содржината
Назад

Научна Конференција

Научна Конференција

На 17.12.2025 година на научна конференција на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, пред креаторите на политиките, експерти, академија, претставници од меѓународни организации и студенти, беа претставени прелиминарните резултати од научноистражувачкиот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“.

Целта на проектот е да понуди креативни решенија кои ќе бидат доставени до носителите на политиките, пред се Министерството за финансии.

Во досегашната фаза се идентификувани системски слабости кои водат до социјална нееднаквост и неформалната економија, а во следните фази ќе следи изработка на фискален индикатор за социјална неправедност и основање на онлајн-платформа – Иноватакс за креирање и ширење на новите идеи што ќе произлезат.

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës.
SHARE