Меѓународна научна конференција, 11-13ти септември 2026, Охрид
Во периодот од 11 до 13 септември 2026 година, во Охрид ќе се одржи меѓународна научна конференција посветена на оданочувањето, социјалната нееднаквост и неформалната економија.
Конференцијата се организира како завршна активност во рамките на Научноистражувачкиот проект „Иновативни научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија во Република Северна Македонија преку даночната регулатива“, финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Конференцијата ќе се реализира како академски форум за размена на знаења, критичка дискусија и анализа на резултатите од истражувањето, со посебен фокус на предизвиците поврзани со даночната регулатива, нееднаквоста и можните насоки за идни законски и институционални реформи во Република Северна Македонија.
На настанот ќе учествуваат истакнати професори и истражувачи од областа на даночното право и економските науки од домашните универзитети, како и од држави од Централна и Источна Европа, меѓу кои Австрија, Чешка, Словачка, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Во прилог е Прелиминарната Агенда за дводневната конференција, додека повеќе информации за конечната програма и учесниците ќе бидат дополнително објавени во периодот кој претстои.

.