Тим од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје – проф. д-р Александра Максимовска Стојкова, проф. д-р Александар Стојков, проф. д-р Јован Зафироски и проф. д-р Елена Нешовска Ќосева – во периодот 22–24.6.2026 оствари научен престој на Правниот факултет во Белград.
Во рамки на престојот беше остварено учество на традиционалниот настан „Даночна вечер“ (Poresko veče), во организација на Српското фискално друштво и Правниот факултет во Белград, како и работна средба со колегите од International Fiscal Association – Србија, посветена на унапредување на научната и стручната соработка.
Посебен акцент беше ставен на идната соработка со Центарот за правно-клиничка едукација и истражување по даночно право и финансии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Центарот се основа во рамки на научноистражувачкиот проект „Иновативно-научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија во Република Северна Македонија преку даночната регулатива“, финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Овој научен престој претставува значаен чекор во јакнењето на регионалната и меѓународната соработка во областа на даночното право и јавните финансии.
Со особено задоволство споделуваме дека проф. д-р Александра Максимовска Стојкова и проф. д-р Елена Нешовска Ќосева учествуваа на Годишниот конгрес на Европската…
Во периодот 11–13 септември 2026 година, во Охрид, се одржа Меѓународната научна конференција, во рамки на проектот „Иновативно-научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата…